Дома Фудбал Таткото на Халанд по победата над Бразил го откри новиот клуб на син му!?

Таткото на Халанд по победата над Бразил го откри новиот клуб на син му!?

Откако Норвешка го совлада Бразил и се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, пред камерите застана и таткото на двојниот стрелец, Ерлинг Халанд.

Можноста Ерлинг Халанд еден ден да го облече дресот на Реал Мадрид повторно стана една од главните теми во европскиот фудбал.

За тоа се заслужни изјавите на неговиот татко Алфи Халанд, кој во разговор за „ДАЗН“ зборуваше за иднината на норвешкиот напаѓач.

Иако истакна дека неговиот син моментално е целосно задоволен во Манчестер Сити, не ги затвори вратите за можен трансфер во иднината.

Напротив, со една реченица дополнително ги подгреа шпекулациите.

„Не сакам премногу да зборувам за други клубови. Среќен е во Манчестер Сити, има долгорочен договор… Но, секој фудбалер сака да игра за Реал Мадрид.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За првпат во историјата прволигашите ќе имаат делегати во Собранието на ФФМ!

Во „Куќа на фудбалот“, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ одржа работен состанок со прет…