Дома Фудбал Се е готово: Клоп ќе биде нов селектор на Германија!

Се е готово: Клоп ќе биде нов селектор на Германија!

Познатиот германски тренер Јирген Клоп го презема кормилото на националниот тим. Официјално е завршено и Клоп ќе го наследи Јулијан Нагелсман на жешката клупа на четирикратниот светски шампион.

Германија имаше катастрофален настап на Светското првенство, што доведе до неопходни промени. Одлуката за смена беше итна, и Јулијан Нагелсман си замина од селекторската позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германците не сакаа повеќе да ризикуваат, затоа стигнаа до решение кое им е добро познато. Јирген Клоп, кому ова ќе му биде прв пат како селектор на националниот тим, го потврди својот ангажман.

Денеска, Фабрицио Романо ја потврди информацијата велејќи „Here we go“, бидејќи 59-годишникот ја прифати понудата на Германската фудбалска асоцијација да стане нов селектор на репрезентацијата.

На Клоп му преостанува да ги среди обврските со компанијата Red Bull, каде што сега работи како шеф на фудбалските операции. Се шпекулира дека Red Bull нема да му биде пречка и веќе бара нов кандидат.

Клоп ова го започнува како четврто поглавје во неговата тренерска кариера, но прв пат како селектор. Претходно, со својот талент остави длабок печат во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул, а Анфилд го напушти во 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра во свој стил: Ако јас играв, ќе добиев четири црвени картони!

Легендарниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ (44) за време на Светското првенство работи како с…