
Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вештини и постојаност.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Токму како и на Европското. Затоа не е случајност што шпанскиот бек стана еден од најдоверливите играчи на националниот тим на Шпанија. Неговите показатели го одразуваат силниот турнир што го игра. Тој трча повеќе од кој било друг во тимот, има најмногу спринтови и исто така има значајно влијание во нападот, забележува „Марка“ во својот анализ кој излегува во Мадрид.
Кукуреја е фудбалерот од националниот тим кој има изминато најголемо растојание во досегашните четири одиграни натпревари. Натрупал 42 922 метри, што е просечно 10 730,5 метри/натпревар. Оваа бројка го става на 25-то место меѓу сите играчи на Мундијалот. Но неговото залагање станува уште појасно со друг показател: тој е и Шпанецот кој направил најмногу спринтови – 174.
Физички, Кукуреја е како авион. Способноста да ги повторува своите напори му овозможува да има постојано присуство и во двете шеснаесетници. Тој учествува во нападот, се враќа во одбрана, пресира, одзема топки и повторно се појавува напред. Залагање кое го одржува во текот на целиот натпревар и кое стана едно од големите оружја на Шпанија на левата страна.
На ова физичко ниво му се додава и одличната игра со топката на Мундијалот. Кукуреја игра со огромна самодоверба, учествува во создавањето на нападите, наоѓа решенија како низ центарот, така и по флангот (се разбира многу добро со Баена) и стигнува до опасни офанзивни позиции. Тој има две асистенции и два пати беше близу до гол.
Против Саудиска Арабија неговата акција заврши со гол во мрежата на противникот, иако ФИФА на крајот го додели ударот како автогол на дефанзивецот. Против Австрија повторно постигна гол, но судијата го поништи поради прекршок врз голманот. Голот му бега, но неговото офанзивно влијание е очигледно.