Дома Фудбал Крај на сите дилеми: Се огласи и фудбалерот поради кој беше поништен голот на Хрватска!

Крај на сите дилеми: Се огласи и фудбалерот поради кој беше поништен голот на Хрватска!

Откако заврши натпреварот меѓу Хрватска и Португалија, најголемото прашање беше – дали Игор Матановиќ ја допре топката во контроверзната ситуација во судиското продолжение, кога Хрватите постигнаа гол кој беше поништен поради офсајд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Официјалното објаснување гласеше дека топката има вградени сензори, кои регистрирале контакт од страна на хрватскиот напаѓач, што доведе до поништување на израмнувачкиот погодок за Хрватска.

По завршување на мечот, Матановиќ самиот ја расчисти дилемата.

„Верувам дека имав мал контакт со косата. Го прашав судијата што се случи, бидејќи не бев сигурен дали ја допрев топката. Тој ми рече дека топката има чип и дека станува збор за офсајд“, изјави Матановиќ.

За жал за хрватските играчи, дури и минимален допир е доволен за да се досуди офсајд, без оглед дали влијаеше на летот на топката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид објави официјално соопштение за Енцо Фернандез!

Реал Мадрид јасно соопшти дека нема интерес за kупување на капитенот на Челси, Енцо Фернан…