Дома Кошарка Официјално: Ненад Димитријевиќ ќе игра во Грција

Официјално: Ненад Димитријевиќ ќе игра во Грција

Македонскиот плејмејкер кариерата ја продолжува во редовите на грчкиот прволигаш од Солун, откако претходно заврши неговата епизода во руски Зенит.

Димитријевиќ во изминатиот период настапуваше за Зенит како позајмен играч од Баерн Минхен, а германскиот клуб претходно и официјално ја потврди разделбата со македонскиот репрезентативец. Набрзо потоа и Арис го промовираше своето ново засилување, посакувајќи му добредојде во клубот.

Со тимот од Солун, кој следната сезона ќе настапува и во Еврокупот, Димитријевиќ потпиша договор на две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стартните 0-12 ја најавија тешката вечер: Македонија остана без победа

Македонските кошаркарки загубија од Естонија со 51-86 во Штип и го запишаа вториот пораз в…