Дома Фудбал Перес подготвува сензационална понуда за Олис која може да го сруши рекордот на Нејмар

Перес подготвува сензационална понуда за Олис која може да го сруши рекордот на Нејмар

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, подготвува сензационална понуда за ѕвездата на Баерн Минхен и Франција, Мајкл Олис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „Спорт“, понудата може да достигне вкупна вредност од 223 милиони евра, што би значело дека ќе го подобри рекордниот трансфер на Нејмар. Во 2017 година, Бразилецот премина од Барселона во Пари Сен Жермен за 222 милиони евра, што сè уште е најголемата трансферна зделка во историјата на фудбалот.

Сумата ќе биде распределена на следниов начин – 190 милиони веднаш, плус 33 милиони како бонуси.

Уште за време на својата кампања за последните претседателски избори, Перес објави дека ќе ја поднесе најголемата понуда во историјата на Реал Мадрид и истата ќе биде за голема европска ѕвезда. На почетокот се тврдеше дека предложената сума ќе биде околу 150 милиони, но очигледно амбициозниот претседател на Реал е подготвен да ја зголеми понудата, поради два последователни сезони без трофеј и активноста на Барселона на трансферниот пазар ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …