Дома Фудбал Тотенхем извади рекордна сума и го надмина Манчестер Јунајтед за играчот на Вест Хем

Тотенхем извади рекордна сума и го надмина Манчестер Јунајтед за играчот на Вест Хем

Играчот на Вест Хем Матеуш Фернандеш ќе премине во Тотенхем, откако двата клуба постигнаа договор за 85 милиони фунти (98 милиони евра), соопштува The Athletic.

Така „спарс“ ја добија трката за 21-годишниот талент, кој беше силно посакуван и од Манчестер Јунајтед, од каде одбија да ги исполнат финансиските услови на „чеканите“ и играчот. Покрај тоа, Португалецот ќе стане најскапото засилување во клубската историја на Тотенхем. Неговиот договор ќе биде за 5+1 години, додава Николо Скира.

Фернандеш помина само една сезона во Вест Хем, кој пред една година плати 44 милиони евра за него на Саутемптон. Во изминатата сезона, играчот на средниот ред оствари пет голови и пет асистенции во 42 натпревари во сите натпреварувања. Тој ќе биде четвртото ново засилување на Тотенхем по бековите Ендру Робертсон, Маркос Сенеси и Јан Пол ван Хеке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА ја нападна УЕФА!

FIFA ја обвини UEFA дека спроведува кампања на дезинформации и се обидува да влијае на пре…