Дома Фудбал Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенство.

Како што пренесоа добро информираните извори од Мадрид, Олисе не остана имун на повиците и поврзувањата со Реал, па затоа смета дека е потребно да седне на маса со неговиот клуб.

Бајерн Минхен јасно подвлече дека Олисе не е на продажба дури ни по цена од 200 милиони евра, а очекувал дека поради тој статус на недопирлив, Французинот јавно ќе истапи и ќе стави точка на сите гласини, што не се случи.

Олисе беше контактиран и од Пари Сен Жермен, но веднаш ги затвори вратите за европскиот шампион, што не беше случај со Реал Мадрид.

Во Бајерн стравуваат дека повиците од Реал Мадрид го разнишаа и дека Олисе нема да може лесно да го одбие “кралскиот” клуб, па затоа најдобро е да се состанат веднаш по враќањето од Мундијалот.

Олисе стана најдобриот играч на Бајерн заедно со Хари Кејн, во претходната сезона имаше неверојатен учинок од 22 гола и 31 асистенција, па не чуди што Трансфермаркт го проценува на 150.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марка открива што му довикувал Јамал на Андерсон по црвениот картон

Јамал изнуди пенал и исклучување против Англија, а според „Марка“, потоа со навреди го исп…