
Една од главните ѕвезди на бразилскиот тим, Винисиус Жуниор, се расплакал пред камерите поради емотивна порака од неговата баба за време на Светското првенство.
На бразилската телевизија му беше прикажана пораката што предизвика силни емоции кај Винисиус, кој е многу приврзан кон бабата Дона Нилзе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нилзе изрази колку е горда на својот внук, а тој скоро веднаш започна да плаче.
“Кога беше мал, беше многу срамежлив. Спиеше со мене до 16 години. Вини, нека те чува Богородица Апарециде. Твојата баба те сака многу, многу”. Овие зборови го разнежнија Винисиус и тој не можеше да ги задржи солзите.
Тој се обиде да објасни колку му значи бабата во животот.
“Баба ми е многу важна личност во мојот живот. Таа секогаш правеше сè за мене. Нашата куќа беше мала, па морав да спијам со неа. Не можам да најдам зборови да ја опишам”, рече суперталентот на Реал Мадрид.
Винисиус игра фантастично на првенството во Америка, постигнувајќи голови во секој од трите натпревари во групната фаза. Двапати беше стрелец во победата против Шкотска од 3:0, додека против Хаити (3:0) постигна гол и добави асистенција, а погоди и во ремито со Мароко од 1:1.
Вечерва, Бразил од 19 часот ќе го одигра својот натпревар во осминафиналето на Светското првенство против Јапонија.
🚨VEJA: Vini Jr. se emociona com recado de sua avó: “passei até os 16 anos morando com ela”. #Domingão pic.twitter.com/R1OJuIqGHY
— CHOQUEI (@choquei) June 28, 2026