
Во интервју за францускиот L’Equipe, кое го даде за време на Светското првенство, легендарниот Роналдо Назарио се пошегува на сметка на фризурата која ја носеше во финалето на Мундијалот 2002 година против Германија – целосно истрижана глава со карактеристична прамен низ чело.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот призна дека по многу години се покаја за тој потег и на шеговит начин им упати извинување на сите родители чии деца тогаш сакаа да изгледаат како него.
„Најпрво сакам да ја искористам можноста да се извинам на сите родители заради мојата фризура од 2002 година. Се опоравував од сериозна повреда на коленото и само новиот почеток, со огромна физичка и ментална работа, можеше да ме врати таму каде што посакав да бидам“, изјави Роналдо.
На Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја тој го предводеше Бразил до титулата светски шампион, постигна осум гола и беше еден од најзаслужните за победата над Германија со 2:0 во финалниот натпревар.