Дома Останати Тенис Ѓорческа: Секогаш знаев и верував дека сум блиску, коцките треба да се склопат!

Ѓорческа: Секогаш знаев и верував дека сум блиску, коцките треба да се склопат!

По трите дена извонредни настапи и три победи во квалификациите на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше неколку денови за подготовка за својот прв Гренд слем меч. Ѓорческа во првото коло ќе игра против Аманда Анисимова од САД, која лани беше финалистка на Вимблдон и на годинашниов турнир е рангирана како шеста носителка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Во пресрет на утрешниот меч Ѓорческа изјави:Квалификациите минаа одлично. Од секогаш знаев и верував дека сум блиску, а треба и да се склопат коцките, за да биде совршено. Секој меч беше тежок, сите што учествуваат се меѓу 200-те најдобри на светот во еден од најмасовните спортови и затоа нема лесен меч. Сепак би го издвоила вториот меч (против Франциска Жорге). Последниот меч го одиграв одлично, загубив три гема и навистина сум среќна и пред сè со тоа како се носев за време на мечот. За мојата противничка нема што многу да се каже, квалитетна и комплетна тенисерка, мојата единствена цел е да го одиграм своето. Мечот ќе се игра во вторник (утре). Знаете таа е ланска финалистка и шеста носителка и затоа мечот е на еден од „главните терени“. “ Се надевам дека ќе биде интересен меч и гледајте и навивајте од дома“, изјави Ѓорческа.

Ѓорческа е во групата од 16 тенисерки што ги минаа квалификациите: Марија Тимофеева, Ешлин Кругер, Алина Корнеева, Робин Монтгомери, Леолиа Жанжан, Анастасија Гасанова, Клари Ли, Тајра Грант, Мананшаја Савангкаев, Полина Кудерметова, Мариам Болкувадзе, Ирина Шиманович, Кајла Деј, Бијанка Андреску и Теодора Костовиќ. Сите тенисерки кои ги минаа квалификациите на своето конто имаат освоени 40 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…