Дома Фудбал Најголемиот летен-трансфер е подготвен: Барса плаќа 150 милиони, но има два услова за трансферот

Најголемиот летен-трансфер е подготвен: Барса плаќа 150 милиони, но има два услова за трансферот

Атлетико Мадрид конечно попушти. Од екипата се подготвени да го пуштат Хулијан Алварез во Барселона за 150 милиони евра, но со два јасни услова.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако направија вистински скандал откако Барселона се вклучи во преговори со Хулијан Алварез, со низа неверојатни соопштенија и закани за тужби кон каталонскиот клуб, челниците на Атлетико Мадрид на крај сепак одлучија да попуштат и да го пуштат Аргентинецот во редовите на големиот ривал.

Според информациите што доаѓаат од Шпанија, Атлетико е подготвено да разговара со Барса, но поставија два услова.

Првиот е дека износот од 150 милиони треба да биде исплатен целосно и однапред, без никакви исплати на рати, а вториот е дека Барса не нуди никаква размена на играчи.

„По притисокот од страна на Хулијан Алварез, Атлетико Мадрид е подготвен да преговара со Барселона под овие два услова“, се наведува.

Од Шпанија доаѓаат информации дека следните недели се клучни за разрешување на сагата. Ако Барселона успее да обезбеди гаранции дека парите ќе се уплатат на начин како што бара Атлетико, преговорите би можеле да влезат во завршна фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона подготвува спектакуларно засилување кое би ги воодушевило навивачите!

Барселона оствари контакти со претставниците на Хари Кејн за да ја испита опцијата за потп…