
За првпат во својата кариера Роберт Левандовски ќе игра надвор од Европа. На 37-годишна возраст, полскиот напаѓач е на чекор да се приклучи на тимот од МЛС, Чикаго Фајр, според угледниот спортски новинар Фабрицио Романо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По четири години во Барселона, период кој заврши со освојување на втора последователна титула на Шпанија, поранешниот играч на Бајерн бил уверен да ја заврши кариерата (најверојатно) во Соединетите Американски Држави и ќе потпише двегодишен договор на почетокот од следната недела.
Во моментов Левандовски е на одмор и го пропушта Светското првенство во 2026 година, затоа што Полска не успеа да се квалификува за финалната фаза во март. Последните две недели ги помина на американско тло, за да се запознае со градот Чикаго и клубот, по што даде зелено светло за финализирање на трансферот.
Интересно е што неговото деби може да биде против неговиот поранешен соиграч Томас Милер (Ванкувер), а неговиот втор натпревар – против Меси (Интер Мајами). Така, уште една светска ѕвезда се насочува кон Мејџор Лиг Сокер, што е втор ваков трансфер ова лето, откако Антоан Гризман прв го замени Атлетико Мадрид со Орландо, исто така со слободен трансфер. Се очекува Каземиро да биде следниот што ќе му се приклучи на Интер Мајами.