Дома Фудбал Рангник: Договорено реми? Ова беше вистинско финале како од Холивуд

Рангник: Договорено реми? Ова беше вистинско финале како од Холивуд

Австрија и Алжир одиграа спектакуларни 3-3 во последното коло од групната фаза на Светското првенство, резултат што им донесе пласман во осминафиналето на двете селекции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По натпреварот се појавија шпекулации дека ремито им одговарало на двата тима, но австрискиот селектор Ралф Рангник категорично ги отфрли таквите тврдења.

„Нема никакви договори. Ова беше вистинско финале и никој не можеше да предвиди дека ќе заврши 3-3. Единствената цел ни беше да се пласираме понатаму и успеавме во тоа. Сега е време за славје, сигурен сум дека ќе има голема прослава уште во авионот“, изјави Рангник.

Германскиот стратег нагласи дека никогаш во кариерата не доживеал ваков натпревар.

„Кога губите со 3-2 во судиското продолжение, обично приказната е завршена. Тоа што се вративме на ваков начин е неверојатно. По голот за 3-2 сите останаа без зборови, а она што следеше беше како сцена од холивудски филм. Некои од играчите беа целосно исцрпени, но најважно е што ја остваривме целта“, додаде Рангник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гранит Џака на 33 години прави шокантен трансфер

Гранит Џака зад себе има одлична сезона во Сандерленд, а игра и одлично на Светското првен…