
Јапонија се соочува со предизвик во второто коло на Светското првенство.
Селекторот на јапонската фудбалска репрезентација, Хаџиме Моријасу, пред дуелот во нокаут фазата со Бразил, изјави дека неговиот тим има огромна почит за противникот, но дека верува во потенцијал за изненадување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јапонците својот пласман во елиминационата фаза го обезбедија како вторпласирани во групата Ф, додека Бразил беше прв во групата Ц со подобра гол разлика од Мароко.
Моријасу го истакна квалитетот на противникот, но нагласи дека исходот на натпреварот не мора да биде однапред определен.
“Бразил е еден од најсилните тимови во светот и ние имаме голем почит кон нив. Но, кога натпреварот започнува, сè е можно. Имаме и ние шанса за победа. Во нашиот последен дуел, покажавме дека не сме лесен противник”, изјави селекторот на Јапонија, Хаџиме Моријасу.
Јапонија влегува во натпреварот оптимистички, бидејќи во нивниот последен едностварен дуел, на 14 октомври минатата година во пријателски натпревар во Токио, успеаја да го победат Бразил со 3:2, иако по првото полувреме губеа со два гола разлика.