Дома Фудбал Покетино се скара со новинарите: Никој не ни честиташе – како да сме елиминирани

Покетино се скара со новинарите: Никој не ни честиташе – како да сме елиминирани

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави се пласираше во нокаут фазата на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на Маурисио Покетино забележаа две победи против Парагвај (4:1) и Австралија (2:0) во групата, но вечерва во последниот меч од групната фаза загубија од елиминираната Турција, и тоа со 3:2.

На прес конференцијата по поразот, Покетино забележа дека атмосферата делуваше како да се САД збогуваат со турнирот, а Турција оди понатаму. Тој исто така спомна и недостатокот на честитки за успехот на еден од домаќините на турнирот.

Во моментов никој не ни честиташе за првото место во нашата група. Им честитам на играчите, стручниот штаб и навивачите што завршија на првото место во многу тешка група. Нашата цел беше да завршиме први и завршивме први. Многу сум позитивен и среќен“, изјави Покетино по натпреварот, збунет од прашањата за поразот.

Вашите прашања се малку чудни. Преовладува чувството како да сме испаднати. Сега сме многу подобар тим отколку порано. Се квалификувавме како број еден и минавме во следниот круг. Морам да ви напоменам дека ја освоивме групата“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ за Алаибеговиќ: Сум изненаден, игра како да стадионот е негов

Шефот на RedBird Џери Кардинале присуствуваше на состанок на врв во Милан денес, за да се …