
Милан испрати конкретна понуда до Пари Сен Жермен за Гонсало Рамош, објави Фабрицио Романо. Засега, нема информации за колкава сума станува збор.
Во моментов напаѓачот е дел од Светското првенство со националниот тим на Португалија. Засега, Рамош е постојана резерва на Кристијано Роналдо и нема индикации дека може да се избори за стартно место. Истата судбина ја имаше и во минатите сезони во ПСЖ, поради што и самиот е подготвен да го смени клубот.
Паралелно, „росонерите“ преговараат и со агентот на фудбалерот Жорге Мендеш за неговите лични услови.
Барселона и Атлетико Мадрид исто така се спомнуваат како кандидати за Рамош.