
Ливерпул не успеал и со втората своја понуда за крилото на РБ Лајпциг, Јан Диоманде.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако минатата недела Мерсисајдците не успеаја со понуда вредна 100 милиони евра, сега се појавија информации дека „црвените бикови“ одбиле и понуда во износ од 116 милиони евра. Набрзо потоа, Филип Хинце од „Скај Германија“ објави дека од „Енфилд“ сè уште не испратиле втора понуда.
Официјалната позиција на германскиот клуб е дека талентираното крило не е на продажба, но постои претпоставка дека во Лајпциг очекуваат Пари Сен Жермен наскоро да се вклучи со своја понуда, што дополнително би ја покачило цената на Диоманде. Според некои информации, „биковите“ сакаат околу 130 милиони евра.
Ливерпул го означил 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска како замена за Мохамед Салах. Се тврди дека самиот играч има желба да се пресели на „Енфилд“ и со личните услови нема да има никаков проблем.