Дома Фудбал Лина испиша историја, ќе игра на Вимблдон!

Лина испиша историја, ќе игра на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма во која игра во последниот период со најголемиот успех во својата кариера, пласман на главниот турнир на Вимблдон.

Ѓорческа денеска во третото квалификациско коло одигра фантастичен меч и ја прегази Италијанката Бронзети која е 127. тенисерка во светот и важеше за фаворит.

Мечот за Ѓорческа не тргна најдобро и го загуби својот сервис во првиот гем, но потоа следуваше вистинска доминација. Македонската тенисерка ги освои наредните шест гема и со 6-1 поведе со 1-0 во сетови.

Во вториот сет Ѓорческа беше сигурна на свој сервис и не дозволи да го изгуби, а сетот го освои со 6-2 за најголема победа во кариерата.

Пласманот на Ѓорческа на Вимблдон е голем успех воопшто за македонскиот тенис затоа што за првпат во нашата историја ќе имаме претставник во сингл конкуренција на еден грен-слем турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еди Хау го одби Ланс, чека подобра понуда

Еди Хау, поранешниот тренер на Њукасл, го одби францускиот клуб Ланс, кој му понуди позици…