Дома Останати Тенис Ивановски го „уништи“ Гркот Циципас во Загреб

Ивановски го „уништи“ Гркот Циципас во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на турнирот во Загреб, откако обезбеди место меѓу осумте најдобри. Во осминафиналето тој беше подобар од Гркот Павлос Циципас, совладувајќи го со 2-0 во сетови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот сет донесе неизвесна битка и израмнета игра од двете страни. По големата борба, победникот беше решен во тај-брејк, каде што Ивановски покажа повеќе смиреност и славеше со 10-8.

Во вториот сет македонскиот тенисер не ги искористи двете брејк-шанси на самиот почеток, но како што одминуваше мечот ја презеде контролата. Клучниот момент се случи во 11. гем кога успеа да направи брејк, по што сигурно го приведе натпреварот кон крај и го доби сетот со 7-5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова никогаш не му се случило на Новак: Синер и Алкараз се повлекуваат, а Зверев веднаш се „распадна“

Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер на сите времиња, токму затоа што никогаш не ги „прескокну…