Дома Фудбал Винисиус добил облог со Анчелоти: Ми кажа дека тоа е невозможно

Винисиус добил облог со Анчелоти: Ми кажа дека тоа е невозможно

Бразил славеше со 3:0 против Шкотска, осигурајќи го првото место во групата Ц и пласман во осминафиналето на Светското првенство. Херој на победата беше Винисиус Жуниор со два гола, а за еден од нив, постигнат со глава, доби облог против селекторот Карло Анчелоти.

Бразилскиот напаѓач откри интересен момент по натпреварот. “Му ветив на тренерот дека ќе се запишам во листата на стрелци со глава. Тој ми рече дека тоа е речиси невозможно и дека ќе ми подари подарок ако успеам. Го чекам”, изјави Винисиус.

Потоа Винисиус и го пофали Анчелоти. “Тој е еден од најдобрите тренери во светот. Одлично ги разбира своите играчи и совршено им се прилагодува. Доаѓа со цел да ја унапреди играта на секој тим кој го води. Овде го разбра начинот на кој треба да играме и мислам дека тоа се исплати. За време на натпреварувањата ќе се подобриме многу, а тој ќе ѝ помогне на тимот да расте во текот на целиот турнир”, дополни тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо конечно одговори на прашањето кое ја интересира Португалија, но и целиот свет!

Кристијано Роналдо одговори на прашањето колку долго ќе продолжи да игра професионален фуд…