Дома Фудбал „Прилично сум сигурен дека одиме дома…“: Селекторот на Шкоткса го прекина интервјуто за ББС после 23 секунди

„Прилично сум сигурен дека одиме дома…“: Селекторот на Шкоткса го прекина интервјуто за ББС после 23 секунди

Стив Кларк, селекторот на шкотската репрезентација, го прекина интервјуто за BBC само 23 секунди по поразот од Бразил во третото коло од групата Ц на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кларк, кој ја предводеше Шкотска на Светското првенство со големи надежи за истакнат успех, не успеа да ги сокрие своите емоции по поразот од Бразил.

Во краткиот разговор со BBC по завршувањето на натпреварот, одговарајќи на прашањето за да даде коментар, рече со разочарување:

Самите си го направивме животот покомплициран, тоа е тоа. – Стив Кларк

По овој пораз, Шкотска е на третото место во групата Ц со гол разлика од -3. За прв, историски пласман во нокаут фазата, мора да го чекаат исходот од останатите групи.

Кога водителката на BBC го запраша шкотскиот селектор дали е фрустрирачки што Бразил лесно даде голови, тој одговори:

– Им ги подадовме головите и натпреварот каков што го посакуваа. Разочарувачки.

На крајот, запрашан за неизвесноста која следи, тој само одмавна.

– Не сакам ни да размислувам за тоа. Жал ми е, не размислувам – изјави тој, па се сврте и си замина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Канадски фан предизвика сензација со својата понуда пред Светското првенство. Како ПАМЕТНО…