Дома Фудбал Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го напушти римскиот клуб и кариерата да ја продолжи во Катар, каде што потпиша договор со Ал Сад.

Според информациите објавени од познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, сите детали за трансферот меѓу клубовите се завршени, а Ромањоли во наредните часови го очекуваат лекарски прегледи, по што трансферот ќе биде и официјално комплетиран.

Така, 31-годишниот дефанзивец по четири години ќе го напушти Олимпико и ќе заврши едно многу значајно поглавје во својата кариера.

Ромањоли пристигна во Лацио летото 2022 година како големо засилување по заминувањето од Милан. Дојдето во клубот за кој навива од детство беше исполнување на сонот за некогашниот репрезентативец на Италија.

За време на престојот во Рим многу брзо стана еден од лидерите на тимот и незаменлив член на последната линија на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаким Зијеш го избра новиот клуб!

Мароканскиот офанзивец на крилна позиција, Хаким Зијеш, најде нова средина откако ја заврш…