Дома Останати Тенис Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа со голема борбеност обезбеди победа од 2-1 во сетови против Франциска Хорхе од Португалија во второто квалификациско коло на Вимблдон.

Македонската тенисерка не го отвори најдобро мечот и рано го загуби својот сервис, што ѝ овозможи на противничката да поведе со 2-0. Сепак, Ѓорческа брзо се врати во ритам, заигра подобро и успеа да поведе со 4-3, но Хорхе повторно направи брејк и го доби првиот сет со 7-5.

Во вториот сет Ѓорческа целосно ја презеде контролата. Со сигурна игра и неколку брејкови, славеше убедливо со 6-2 и израмни на 1-1 во сетови.

Одлучувачкиот сет донесе доминација на македонската тенисерка, која ги искористи грешките на противничката и со 6-1 стигна до конечна победа и пласман во третото квалификациско коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ежени Бушар одби да се ракува со Украинка по поразот на турнирот во Чикаго

Канадската тенисерка Ежени Бушар одби да се ракува со својата украинска противничка по пор…