Дома Фудбал Бразил „гори“ поради последните информации за Нејмар

Бразил „гори“ поради последните информации за Нејмар

Бразил вечерва во 3. коло од Групата Ц ќе игра против Шкотска, и се чини дека Нејмар може да се најде во тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголемата ѕвезда на бразилската репрезентација Нејмар ќе биде на располагање на селекторот Карло Анчелоти за последниот натпревар од групната фаза.

Бразил во последното коло од групната фаза на Мундијалот ќе ги одмери силите со Шкотска, постои голема можност на овој спектат на најдобри светски селекции за прв пат да го видиме и Нејмар.

Пекогашниот фудбалер на Барселона и Пари Сен Жермен се опорави од повредата на листот поради која ги пропушти натпреварите со Хаити и Мароко.

Последните информации од бразилскиот табор кажуваат дека Нејмар одработи тренинг со екипата без никакви проблеми, а Анчелоти во текот на денот ќе донесе одлука дали ќе смета на неговите услуги за натпреварот со Шкотска.

По два кола Бразил поради подобра гол разлика се наоѓа на чело на табелата на Групата Ц со четири освоени бода, исто колку што има и второпласираниот Мароко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус сѐ повеќе размислува за ангажирање на Горецка

Германскиот репрезентативец Леон Горецка станува сѐ попривлечна опција за Јувентус, информ…