Дома Останати Ракомет Официјално: Манасков го има голот на сезоната во ЛШ!

Официјално: Манасков го има голот на сезоната во ЛШ!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во сезоната 2025/26 од Лигата на шампионите, а признанието заврши во рацете на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На врвот на листата се најде спектакуларната акција на битолчани од натпреварот против Барселона во групната фаза. Во самиот финиш од средбата, голманот Никола Митревски испрати прецизна долга топка, која Дејан Манасков мајсторски ја прифати во скок и ја претвори во погодок што ја крена на нозе публиката во Битола.

Зад Манасков на листата се најде Матијас Гидсел со вториот најубав гол во сезоната, додека меѓу најдобрите потези место добија и Цховребадзе, Баруфе, Мачковшек, Клар, Мине, повторно Гидсел, Арнолдсен и Гасама.

Изборот на ЕХФ уште еднаш потврди дека еден од највпечатливите моменти во европската ракометна сезона беше создаден токму на теренот во Битола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонска ракометарка потпиша за францускиот прволигаш Париз!

Македонската ракометарка Марија Јанкуловска од следната сезона ќе ја продолжи кариерата во…