Дома Фудбал Трагикомедија во Кочани: Фудбалскиот клуб остана без терен – го претвориле во нива со жито!

Трагикомедија во Кочани: Фудбалскиот клуб остана без терен – го претвориле во нива со жито!

Во кочанското село Уларци се случи вистинска трагикомедија: новиот фудбалски клуб остана без терен пред почетокот на сезоната затоа што единственото игралиште во селото е изорано и претворено во нива со пченица.

Според локалните жители, теренот за фудбал постоел повеќе од осумдесет години и бил значајно место каде младите луѓе од селото се занимавале со спорт и одигрувале натпревари. Но, сега земјиштето е трансформирано во земјоделска парцела, што доведува до големи компликации за клубот, кој нема каде да ги организира своите натпревари како домаќини.

Клубот, кој беше предвиден за натпреварување почнувајќи од оваа сезона, сега е во потрага по алтернативно место за одигрување на своите натпревари. За оваа несекојдневна, а за повеќето и апсурдна ситуација, прилог изработи телевизијата „М-Нет“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко: Тоа што ги нема Рафиња и Педри е скандал, Јамал мора да биде победникот

Спортскиот директор на Барселона, Деко, е многу изненаден од изоставувањето на двајцата фу…