
Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, продолжува да испишува историја на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Во првите два натпревара, тој веќе постигна пет гола и стигна до сензационални 18 голови на Мундијалите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со ова, Меси се постави на првото место на листата на најдобри стрелци во историјата на светските првенства, престигнувајќи го легендарниот Мирослав Клосе кој запиша 16 голови. Но, Килијан Мбапе е сериозен предизвик за него, веќе има 16 гола и му претстои барем уште едно учество на светските првенства.
Аргентинскиот маѓионичар го започна овој турнир со хет-трик против Алжир, додека во следниот дуел со Австрија двапати ја затресе мрежата, и тоа откако во првото полувреме не успеа да реализира пенал.
Сепак, сцената на денот ја украде една баба која камерата ја фати на трибините за време на мечот со Австрија. Таа држеше транспарент кој брзо го обиколи светот, на кој пишуваше: “Стогодишен навивач на Лео Меси”.
Messi adding more life to our grandMa pic.twitter.com/B4AOudkHp9
— Global Econ🤑 (@KenMetricss) June 22, 2026