Дома Останати Тенис Ѓорческа одлично тргна и ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон!

Ѓорческа одлично тргна и ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот во квалификациите за Вимблдон, откако во првото коло убедливо ја совлада Шпанката Анхела Болуда Фита со 2-0 во сетови. Натпреварот траеше еден час и 19 минути, а тетовчанката покажа сигурна игра во клучните моменти.

По рамноправниот почеток на мечот, Ѓорческа ја презеде иницијативата и со брејк стигна до предност од 3-1 во првиот сет. Потоа успеа да одбие налет на противничката, спасувајќи брејк-топка, а со уште еден одземен сервис го приведе сетот во своја корист со 6-2.

Во вториот сет двете тенисерки имаа осцилации на свој сервис. Следуваа неколку разменети брејкови, но решавачкиот момент дојде во десеттиот гем кога македонската тенисерка ја искористи првата меч-топка и со 6-4 го завери пласманот во следната рунда.

Во второто квалификациско коло, од вкупно трите што водат до главниот турнир, Ѓорческа ќе се соочи со Португалката Francisca Jorge. Нивниот дуел е закажан за среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се маскираше и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ одлучи накратко да почувствува како е да се шета по улиците на Њујорк без да…