
Интер веќе ги усогласи личните услови со 21-годишниот фудбалер.
Се очекува Интер да го официјализира трансферот на Марко Палестра од Аталанта во рок од 24 до 48 часа, јавуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Агентот на младиот играч, Алесандро Лучи, пристигна во Милано за да ги финализира последните детали од договорот со раководството на клубот, кој треба да се заврши најдоцна до среда.
Според извори во Италија, вкупната вредност на трансферот ќе биде околу 50.000.000 евра, вклучувајќи бонуси, а дополнителна тема на преговори ќе биде процентот од идната продажба кој Аталанта сака да го вклучи во договорот.
Интер претходно ги договори личните услови со 21-годишниот фудбалер, кој треба да потпише петгодишен договор вреден околу 3.000.000 евра нето по сезона.
Палестра за време на преговорите одби понуди од клубови од Премиер лигата, меѓу кои беа Челси и Манчестер Сити, со што Интер остана во најдобра позиција за реализација на трансферот и тоа го искористи.