Дома Фудбал Трагедија во Франција: Фудбалер скокнал во вода и се удавил!

Трагедија во Франција: Фудбалер скокнал во вода и се удавил!

Од Франција пристигна трагична вест. Младиот фудбалер на Гингамп, Кензо Кис, е во состојба на мозочна смрт по несреќа на реката Рона.

Кензо Кис, 21-годишниот напаѓач на Гингамп, се наоѓа во состојба на мозочна смрт откако доживеал несреќа при капење во реката Рона.

Несреќниот фудбалер со двајца пријатели влегол во дел забранет за капачи. Почнал да се дави, а иако бил извлечен на брегот, мозочните функции му престанале бидејќи премногу време бил под вода без знаци на живот.

По несреќата, бил префрлен на болница. За жал, нема убави вести и се случи уште една трагедија.

Младиот напаѓач е во состојба на мозочна смрт. Тоа значи дека сите функции на мозокот престанале, иако срцето продолжува да чука со помош на машини, лицето е законски и медицински e починато бидејќи свеста, дишењето и сите други функции веќе неповратно се изгубени.

Лице во состојба на мозочна смрт никогаш нема да може самостојно да дише или да се разбуди. Тоа е крајот на животот.

За жал, животот на Кензо трагично заврши. Семејството веројатно ќе донесе одлука за исклучување од апарати за работа на срцето.

Кензо Кис ги помина младинските категории на Лион и Сент-Етиен. Ја одигра својата прва сезона во Гингамп, настапи четири пати и постигнал еден гол.

Веста за неговата трагедија ја шокираше француската фудбалска јавност. Кензо важеше за ветувачки напаѓач, а преминот во Гингамп требаше да биде значаен чекор во неговото напредување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ за однесувањето на Де Пол кон Левандовски: Јас ќе го нокаутирав со глава!

Возбудлива беше средбата во MLS помеѓу Чикаго Фајр и Интер Мајами, каде што своите сили ги…