Дома Фудбал Веќе почна: Горат дресовите на Алварез во Мадрид (Видео)

Веќе почна: Горат дресовите на Алварез во Мадрид (Видео)

Најкраткиот пат од љубов до омраза може да се види во случајот на Хулијан Алварез во Мадрид, ѕвездата на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Аргентина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неколку дена наназад трае сагата околу трансферот на извонредниот напаѓач од Мадрид кон Барселона. Алварез веќе изрази желба да замине во Каталонија со цел да најде нови предизвици.

Меѓутоа, и покрај големата понуда од Барселона, управата на Атлетико не сака ни да чуе за тоа. Хулијан има договор со црвено-белите, а поради тоа бараат неверојатни 500.000.000 евра за неговото напуштање.

Иако клубот одбива да го пушти, навивачите ја доживуваат желбата на Алварез како предавство. Затоа, најстрастните фанови на „јорганџиите“ веќе почнаа да ги палат дресовите со број 19, кои ги носи аргентинскиот напаѓач.

Независно дали ќе замине или остане, односот помеѓу навивачите на Атлетико и Алварез никогаш повеќе нема да биде ист. Можеби би било најдобро и за двете страни, Хулијан да го замени главниот град на Шпанија со Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагедија во Франција: Фудбалер скокнал во вода и се удавил!

Од Франција пристигна трагична вест. Младиот фудбалер на Гингамп, Кензо Кис, е во состојба…