
Фудбалерите на Норвешка ја надминаа репрезентацијата на Сенегал со резултат 3:2, со што обезбедија учество во елиминациската фаза на Светското првенство веќе по второто коло.
По завршниот судиски свиреж, играчите ја празнуваа победата на посебен начин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наместо стандардното славење, тие се собраа пред своите фанови и седнаа на тревникот. Капитенот Мартин Одегард го зеде тапанот од лидерот на навивачите, додека останатите репрезентативци ги чеkaa неговите инструкции за почетокот на перформансот.
Кога Одегард удри на тапанот, сите играчи, предводени од Ерлинг Халанд, синхронизирано започнаа да „веслаат“ заедно со илјадници фанови на трибините, а овој призор брзо стана популарен на социјалните мрежи.
На овој начин, Норвежаните ја искажуваат својата почит кон викиншкото наследство, што стана традиција која ги следи норвешките спортисти и навивачи посебно по големите триумфи и значајни успеси.
The Norwegian team and fans doing the Row are just beautiful.pic.twitter.com/hi2YqZimUi
— World Cup 2026 Daily (@TotalFootball) June 23, 2026