Дома Фудбал Поранешен фудбалер на Реал доживеа срцев удар по натпревар (Видео)

Поранешен фудбалер на Реал доживеа срцев удар по натпревар (Видео)

Фернандо Гаго (40), поранешен играч на Реал Мадрид и актуелен тренер на Универсидад де Чиле, се соочил со срцев удар по завршувањето на натпреварот на неговиот тим.

Проблемите за Гаго започнале во четвртокот, кога неговата екипа го порази О’Хигинс со резултат 2:0.

Аргентинецот одржа прес-конференција, но на крајот од неа, неговото лице покажа знаци на болка и тој ја напушти просторијата, по што доживеа срцев удар. Веднаш беше транспортиран во болница во Сантјаго каде што му беше извршена итна операција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА не попушти за Паредес: Остануваат десетте меча суспензија

Аргентинската жалба донесе олеснување само за Науел Молина, чија казна е намалена од седум…