
Нов тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, реши да направи низа промени во составот, а комплетниот капитенски тим може да биде променет.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жозе Мурињо се врати на клупата на Реал Мадрид по 13 години. Легендарниот Португалец доби задача да ги врати Кралевите на врвот на Ла Лига и Европа, и сега го формира тимот по своја волја.
Реал ќе претрпи многу промени во составот, a самиот Мурињо одлучи да ги промени лидерите на тимот на теренот. Изрази желба да го смени капитенскиот тим.
Пред почетокот на новата сезона, капитени требаше да бидат Федерико Валверде, Винисиус Жуниор и Тибо Куртоа. Меѓутоа, Специјалниот никој од нив не го сака со капитенската лента.
Жозе веќе разговараше на оваа тема со раководството на клубот. Подготвен е за значајни промени.
„Тој никој од нив не ги сака како капитени. Португалецот лесно би се ослободил од Винисиус Жуниор и Феде Валверде затоа што ги смета за токсични за соблекувалната. Така му кажале и извештаите на раководството на клубот“, наведува Игнасио Санчез.
Мурињо има јасен став кога станува збор за капитените. Сака Килијан Мбаппе да биде главен играч со капитенската лента, а заменик капитени би биле Антонио Рудигер и Жуд Белингем.