
Фудбалерите на Бразил со 3:0 ја совладаа Хаити во второто коло од групната фаза на Светското првенство. Сепак, сè беше во сенка на повредата на Рафиња, кој мораше да ја напушти играта.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Играчот на Барселона го напушти теренот пред крајот на првото полувреме, а изгледа дека се работи за повреда на задната ложа.
Ненадејно Рафиња падна на тревникот и се држеше за задниот дел од својата десна нога, побара помош од лекарот на клупа.
Веднаш му беше укажана помош и донесена е одлука дека не може да продолжи со натпреварот и наместо него на теренот влезе Рајан.
Сè уште се чекаат дополнителни прегледи за да се утврди степенот на повредата, а сите се плашат дека за Рафиња е завршено Светското првенство.