
Екипата на Вардар која е на подготовки во Норчија до враќањето на тимот во Скопје ќе одигра уште четири пријателски натпревар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Досега македонскиот шампион одигра два дуели во кои забележа две победи, а до крајот тимот ќе игра против Селекцијата на Умбрија на 23 јуни, потоа Норчија Калчо на 25 јуни, па Ла Фиорита на 27 јуни и последната пред двомечот со Купс против Виртус на 30 јуни.
Најсериозен тест од овие четири екипи е тимот на Ла Фиорита со кого Вардар играше минатото лето во квалификациите за Конференциската лига во првото коло, тогаш „црвео-црните“, прво ремизираа 2-2, па победија со 3-0.