Дома Ракомет Капитенот останува во Битола: Кузмановски го продолжи договорот со Пелистер

Капитенот останува во Битола: Кузмановски го продолжи договорот со Пелистер

Филип Кузмановски ќе остане дел од Пелистер и во наредната сезона, откако постигна договор со битолскиот клуб за продолжување на соработката за уште една година.

Во изминатиот период се појавија бројни информации за можен трансфер на капитенот, а интерес за неговите услуги покажаа српскиот Партизан и неколку екипи од Германија.

Сепак, Кузмановски одлучи да ја продолжи својата приказна во Битола и да остане еден од лидерите на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Од 1-4 до убедливи 32-23: Алкалоид со силен влог за реваншот во Велење

Алкалоид го совлада Горење со 32-23 и обезбеди значајна предност во битката за осминафинал…