Дома Фудбал Aрсенал на чекор од засилување вредно 50 милиони евра од Серија А!

Aрсенал на чекор од засилување вредно 50 милиони евра од Серија А!

Според информации од “Газета”, Арсенал се наоѓа на чекор од потпишување со играч од Рома. Клубот од “Емирејтс” веќе има постигнато договор со фудбалерот од средниот ред Ману Коне.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер, Атлетико Мадрид и Арсенал беа во трка за него, но сега Лондонскиот клуб веќе успеа да ги договори личните услови со претставниците на овој фудбалер.

Сепак, пред Арсенал останува да постигне договор и со Рома, каде Коне има тековен договор.

Рома се соочува со некои финансиски предизвици кои мора да ги реши до 30-ти јуни поради правилата на УЕФА, и можат да очекуваат 50 милиони евра од Арсенал за Коне.

Со продажбата, Рома ќе има средства за евентуален трансфер на Мејсон Гринвуд кој е долго посакуван во главниот град на Италија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Репрезентативец во центарот на скандал на СП: Полицијата го уапси, а ФИФА молчи!

Светското првенство во фудбал го потресе голем скандал! Напаѓачот на Брегот на Слоновата К…