Дома Фудбал Турците шокирани од гафот на искусниот коментатор – ги помеша Иран и Нов Зеланд, па веднаш го избркаа! (Видео)

Турците шокирани од гафот на искусниот коментатор – ги помеша Иран и Нов Зеланд, па веднаш го избркаа! (Видео)

Турската национална телевизија го повлече коментаторот Мурат Екрем Чимен од тимот за преноси на Светското првенство, поради грешка за време на натпреварот помеѓу Иран и Нов Зеланд.

Одлуката беше донесена веднаш по натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Исто така, беше соопштено дека тој повеќе нема да коментира натпревари за време на првенството.

Чимен во првите минути од преносот ги замени двата национални тима. Потезите на Иран ги припишуваше на Нов Зеланд и обратно. Натпреварот од групата Г, одигран во понеделник вечерта, заврши со резултат 2:2.

Tелевизијата истакна дека ваквата грешка не е прифатлива според правилата на емитување.

“Се извинуваме на нашите гледачи и јавноста за оваа грешка”, изјавија од емитерот.

Емитерот додаде дека е недопустливо некој со повеќе од 30 години искуство во спортско емитување да направи таква грешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Алонсот апсолутно немаше поим за трансфер додека не ја виде објавата од Фабрицио Романо

Неверојатна информација се појави во светските медиуми по тврдењата дека Чаби Алонсо не зн…