Дома Фудбал Силекс и Шкендија ги дознаа противниците во Конференциската лига

Силекс и Шкендија ги дознаа противниците во Конференциската лига

Македонските претставници ги дознаа своите противници за стартот на квалификациите во Конференциската лига, по денешната ждрепка што се одржа во Нион.

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, ќе ги одмери силите со Динамо Минск, клуб кој во минатото беше шампион на Белорусија. Кратовци првиот меч ќе го одиграат на гостински терен, додека реваншот ќе се игра пред домашната публика.

Од друга страна, Шкендија ќе се соочи со Европа од Гибралтар. Тетовскиот состав ќе гостува во првиот натпревар, а решавачката пресметка за пласман во следната рунда ќе ја одигра на свој терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кутињо е трансферот на денот во Јужна Америка!

Филипе Кутињо од денес е и официјално нов играч на Сантос. Бразилскиот клуб со воодушевува…