Дома Фудбал Во ек на Светското првенство, завршен е голем трансфер!

Во ек на Светското првенство, завршен е голем трансфер!

Португалскиот играч за врска го напушта Манчестер Сити по години успеси и кариерата ја продолжува на Сантијаго Бернабеу. Еден од најголемите трансфери ова лето доби и официјална потврда. Бернардо Силва е нов играч на Реал Мадрид.

Португалскиот репрезентативец потпиша договор со Кралскиот клуб кој ќе трае до јуни 2028 година, со можност за продолжување на соработката до летото 2029 година.

Така заврши една од трансфер сагите која со месеци ги полнеше насловните страници на европските медиуми. Бернардо Силва веќе долго време се поврзуваше со заминување од Манчестер Сити, а на крајот неговата следна дестинација стана токму Реал Мадрид.

Со доаѓањето во Мадрид, португалскиот играч за врска отвора ново поглавје од една импресивна кариера во која освои речиси сѐ што може да се освои на клупско ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал повторно е во центарот на внимание, објасни каков фудбалер треба да е освојувачот на „Златната топка“

Ламин Јамал даде изјава која ќе биде објавена вечерва, а денес беше споделен уште еден инт…