Шпанскиот стратег, Пако Хемез го напушти мексиканскиот клуб Азул по една година и сега е блиску до кам бек во Примера.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Лас Палмас и Алавес кои до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок, сериозно се заинтересирани за овој надалеку познат и омилен тренер во Шпанија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Алавес претходно го отпушти Де Бјази, додека ниту ни на Пако Ајестаран не му цветаат ружи во Лас Палмас, иако сега успеа да земе бод против Реал Сосиједад на гости, па делува дека и тие наскоро да побараат нов тренер.
Пако Хемез се прослави на клупата на Рајо Валјекано, во периодот од 2012. до 2016. година кога играше неверојатно храбар напаѓачки фудбал, иако има тим кој е квалитетен за борба за опстанок.