Дома Фудбал Готово: Рубен Аморим станува тренер на италијански гигант!

Готово: Рубен Аморим станува тренер на италијански гигант!

Според најновите информации објавени од Фабрицио Романо, Рубен Аморим ќе стане новиот главен тренер на Милан.

Романо со својата карактеристична фраза „Here We Go!“ потврди дека е постигнат договор помеѓу двете страни за соработка која е предвидено да трае до јуни 2028 година, со можност за продолжување до јуни 2029 година.

Португалскиот тренер ги прифати сите услови понудени од Милан и се очекува во текот на оваа недела да потпише договор и официјално да биде претставен како нов тренер на „росонерите“.

Преземањето на должноста од страна на Аморим претставува значаен чекор во стратегијата на Милан за следните сезони, земајќи го предвид тоа што младиот тренер во изминатите години се изгради како еден од најперспективните европски стручњаци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол за 13 секунди и 31 победа во низа: Звезда не запира во Купот!

Црвена звезда го совлада Единство од Уб со 5:1, а Мирко Иваниќ го постигна најбрзиот гол в…