Дома Фудбал Фудбалскиот свет во чудо: Што направи селекторот на Јапонија во продолжението? (Видео)

Фудбалскиот свет во чудо: Што направи селекторот на Јапонија во продолжението? (Видео)

Фудбалските репрезентации на Јапонија и Холандија одиграа 2:2 во драматичен натпревар кој остана во сенка на необичниот потег на јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако натпреварот изобилуваше со пресврти, главна тема во светските медиуми и на социјалните мрежи стана „старомодната“ тактика на Моријасу за водење на времето. Додека Јапонија во завршницата на мечот се обидуваше да го стигне заостатокот, селекторот и неговиот стручен штаб покрај аут линијата подигнуваа бела табла со испишани броеви (од три до еден), сигнализирајќи им на играчите колку минути остануваат до крај.

Овој метод се покажа ефикасен, бидејќи Јапонија во судиското продолжение успеа да изедначи. Претходно Холандија два пати водеше – најпрво со гол од капитенот на Ливерпул Вирџил ван Дајк, на што одговори Кеито Накамура. Нова предност на тимот на Роналд Куман му донесе играчот на Вест Хем, Крисенсио Самервил, а во последните моменти од мечот Даичи Камада, везистот на Кристал Палас, со глава постигна гол за конечни 2:2.

Потегот на Моријасу предизвика бројни реакции од ТВ аналитичарите. Поранешниот менаџер на Тотенхем Анг Постекоглу ја пофали дисциплината, но истакна дека би сакал да види повеќе ризик во играта на “Сините самураи”.

– Нивното мериње на времето е фантастично. Сепак, би сакал да подигнат табла на која пишува ‘бидете храбри’ и да играат во согласност со своите можности. Треба да бидат задоволни од резултатот, но знам дека оваа екипа може да победува во вакви натпревари со малку повеќе карактер – изјави Постекоглу за ITV.

🚨🇯🇵 Менaџерот на Јапонија, Хаџиме Моријасу, воведе чуден и иновативен начин за давање инструкции на неговите играчи. 🤔📋

Необичниот метод ги остави фановите во недоумение и предизвика многу дискусии пред следниот натпревар на Светското првенство за Јапонија. 🔥🏆 pic.twitter.com/QztG6UNUDd— KinG £ (@xKGx__) June 14, 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чеферин со една реченица предизвика реакција на СП, па доби брз одговор!

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин, беше критикуван од…