
Реал Мадрид продолжува да биде најактивниот европски клуб ова трансфер лето. Најновото засилување на „лос бланкос“ се очекува да биде 27-годишниот шпански репрезентативец Марк Кукуреја, известува ексклузивно Фабрицио Романо.
Според информациите, Реал ќе плати фиксна сума од околу 55 милиони евра за левиот бек на Челси, како и уште 5 милиони евра во вид на можни бонуси. Веќе сè е договорено помеѓу клубовите, како и со самиот играч. Доведувањето на ова засилување е на лична желба на новиот тренер Жозе Мурињо.
Кукуреја беше поврзуван со конкурентите во Ла Лига Барселона и Атлетико Мадрид, откако неколкупати навестуваше дека не е задоволен од случувањата во Челси. Очигледно, сепак, тој одлучи да ја продолжи кариерата на „Бернабеу“. Минатата сезона шпанскиот репрезентативец играше во 50 натпревари, во кои постигна 1 гол и даде 4 асистенции за „сините“ од Лондон.
Кукуреја треба да ги реши проблемите на „лос бланкос“ на левата страна од одбраната, каде што Ферлан Менди често се повредуваше во последните сезони, а Алваро Карерас и Фран Гарсија не секогаш беа доволно убедливи. Кукурејa, кој има карактеристична кадрава коса, игра на Островот од 2021 г., првично како дел од Брајтон, а потоа премина во Челси. Интересно е што Кукуреја е Каталонец и помина низ младинските категории на Еспањол и Барселона.
Реал веќе ги обезбеди потписите на Ибрахима Конате, Дензел Дамфрис и Бернардо Силва, иако овие трансфери сè уште не се официјално објавени.