Дома Фудбал „Ова не личи на ништо, за кого се игра Светското првенство?“: Клоп распали по ФИФА и спорно правило

„Ова не личи на ништо, за кого се игра Светското првенство?“: Клоп распали по ФИФА и спорно правило

Светското првенство во фудбал се одржува во Америка, Канада и Мексико и се повеќе има критики на сметка на организаторите. Малкумина се тие што се осмелуваат јавно да го кажат тоа. Еден од нив е Јирген Клоп кој се осмели да пред камерите зборува за она што го гледа. Му пречат задолжителните паузи за хидратација на играчите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ФИФА донесе одлука еднаш во двете полувремиња, на средината на двата дела, да воведе триминутна пауза за одмор на играчите и хидратација. Како причина наведе големите топлини. Вистината е дека во тие три минути телевизиите пуштаат реклами и се прави сето тоа поради маркетинг. Тоа го знае и познатиот германски тренер.

Фудбалот е заробен од луѓе кои се кријат во климатизирани канцеларии. Додека ги гледам играчите како стојат покрај теренот поради ТВ тајм-аут и се уништува ритамот на натпреварот, се прашувам… Се прашувам за кого е ова Светско првенство? За навивачите? Играчите? Или за тие што се рекламираат”, рече Клоп за германскиот „ЗДФ“ кој е еден од емитерите на шампионатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик го отпиша без милост од Барселона, а сега прави спектакуларен трансфер во Бундеслигата

Хектор Форт е пред можен замин од Барселона, а кариерата може да ја продолжи во германскат…