Дома Фудбал Јаја Туре стана тренер во Словачка!

Јаја Туре стана тренер во Словачка!

ЈАЈА ТУРЕ е новиот тренер на Слован Братислава. Овој поранешен фудбалски ас (43) потпиша тригодишен договор со најуспешниот словачки клуб. Туре, познат по своите извонредни игри во Манчестер Сити и настапите за Барселона, по крајот на својата играчка кариера се посвети на тренерскиот пат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Квалификациите ги стекна во академијата на Тотенхем Хотспур, а исто така беше и помошник на Роберто Манчини во репрезентацијата на Саудиска Арабија. Сега ја презема тренерската позиција во Слован, клуб кој има рекордни 32 титули во словачкото првенство. Да потсетиме, пред извесно време од Слован објавија дека во потесниот круг на кандидати, покрај Туре, беше и Игор Бишќан, но Словаците на крајот не се одлучија за хрватскиот стратег.

“Навистина сум многу среќен и возбуден, и одвај чекам да започнеме со заедничка работа во понеделник. Моите претходници заслужуваат огромна почит за сето она што го постигнале со Слован. Се надевам да продолжам на тој пат, но исто така сакам да донесам нешто ново и свое. Фудбалот ми значи се’ и сакам предизвици. Навистина сум возбуден за водство на еден голем клуб со богата историја, прекрасен стадион и високи амбиции. Пријатно бев изненаден од условите во клубот, кои навистина се на највисоко ниво”, изјави Туре и додаде:

“Со Слован сакам да играме доминантен фудбал, да победуваме и да ги контролираме натпреварите за да ги воодушевиме навивачите. Се радувам на личното запознавање на фудбалерите. Веќе се обидов детално да ја анализирам екипата, но најважното ќе биде да се види како играчите ќе реагираат на тренинзите. Како асистент имав прилика да работам со Роберто Манчини, но долго време сакам да создадам свој проект како главен тренер.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…