
Парагвај повторно се вклучи на големото спортско натпреварување, а со него и Парагвајките.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спомнувате ли се на Лариса Рикелме, навивачката која на Светското првенство во 2010 година стана светско сензација и беше прогласена за “најсексапилната навивачка во светот”? Сега изгледа дека Парагвај има ново лице на трибините кое привлекува внимание.
Се работи за Марисол Олмедо, атрактивна дама од Парагвај позната по прекарот Ла Мадрина, која последните денови привлече големо внимание на фудбалските обожаватели на социјалните мрежи. Марисол се претставува како модел и претприемач, но нејзината животна приказна содржи интересен факт – пред да стане позната, работела како зидарка.
Новата Лариса Рикелме
Веќе е пристигната во Соединетите Американски Држави за да ја поддржи парагвајската репрезентација на Светското првенство, а нејзините фотографии и објави веднаш го окупираа интернетот. Многу Парагвајци ја прашуваат дали ќе биде на натпреварот за да си обезбедат влезници.
“Се чувствувам почестена што луѓето ме препознаваат и надвор од мојата земја. Секогаш сум била своја и многу работев за да стигнам до местото каде сум денес,” изјави Марисол за парагвајските медиуми.
Многумина веќе ја споредуваат со Лариса Рикелме, која пред 16 години го освои светот навивајќи за Парагвај на Мундијалот во Јужна Африка.
Парагвај ќе игра на Светското првенство во група со Соединетите Американски Држави, Австралија и Турција, а нема сомнение дека Ла Мадрина ќе биде меѓу најзабележливите навивачки на трибините.