Дома Фудбал Тажна вест: Македонскиот спорт остана без легендарниот Срцка

Тажна вест: Македонскиот спорт остана без легендарниот Срцка

Македонската спортска сцена денеска остана без една од своите најпознати и најпрепознатливи личности. На 80-годишна возраст почина Светислав Димовски, попознат како Срцка, човек кој со децении беше неизоставен дел од спортските случувања во Скопје.

Без разлика дали се играше кошарка, ракомет или бокс, Димовски речиси секогаш беше присутен покрај теренот, најчесто во улога на редар или како лице задолжено за одржување на паркетот. Неговото присуство стана препознатлив дел од атмосферата на спортските сали низ главниот град.

Со својата долгогодишна посветеност, тој остави зад себе илјадници натпревари и генерации спортисти кои го паметат како тивок, но постојан дел од спортскиот живот во Скопје.

Светислав Димовски ќе биде погребан утре на гробиштата во Бутел, во 12 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан прави изненадувања во Франција, овие четворица ќе дебитираат!

Лигата на нациите почнува наскоро, а француската репрезентација започнува ново поглавје по…